Петар Печков
Објавено: недела, 24 февруари 2013
Клупите кои беа околу бистата на актерот Петре Прличко, во Младинскиот парк ги снема. Исчезнаа. Или појасно некој ги украл. Од четирите кои беа на овој простор, сега остана само една. Присвојувачот работел сериозно, оти тие беа зацврстени за камените плочи, но и тоа не било пречка, да бидат однесени, и сега да се наоѓаат во нечиј двор.
Така сега надлежните пред пролета ќе треба да постават нови, за да има велешани каде да го минуваат времето. И додека од една страна ЈКП Дервен се грижи за добар изглед на паркот, ги лакираше, некои наши сограѓани си ги однесоа дома.
Ова е втор ваков случај. Минатата гопдина беа украдени клупите од паркот кај Автобуската.
Tweet |